Маратон · Полумаратон

Традиционалниот 22-ри Шри Чинмој маратон на себенадминување ќе се одржи на 1-ви ноември со почеток на маратон во 8:00 часот и полумаратон во 9:00 часот, во Градскиот парк во Скопје. Организатор на настанот е Шри Чинмој Маратон Тим – Скопје.

Трки

Маратон – 42 195 м
Полумаратон – 21 097 м

Опис на патеката и настанот

Стартот на трката е во Градскиот парк, во близина на Луна парк. 
Патеката е кружна со должина од 1 750 метри, а се трчаат 12 кругови (полумаратон) и 24 кругови (маратон).

Мерењето на времето се врши електронски, со чипови. 
Патеката е официјално потврдена, со што се обезбедени услови за официјално признавање на постигнатите резултати.

Победници се прогласуваат во апсолутна категорија, како и во категории по возраст, за прво, второ и трето место. 
На сите учесници кои ќе го завршат на маратонот или полумаратонот се доделува медал и диплома, а на победниците на прво, второ и трето место се доделува пехар, медал и диплома.

Резултати и фотографии од настанот ќе бидат објавени веднаш по одржувањето на Маратонот на себенадминување на веб-страната на организаторот, www.maraton.mk

Освежување

За време на трката учесниците добиваат освежување со вода, сокови и овошје, а по завршувањето на трката добиваат пакет со оброк.

Стартни пакети

Стартните пакети се подигнуваат во продавницата за спортска опрема „Аутдор“ (Outdoor), НОВОЛОЦИРАНА на ул. “Никола Тесла” 9А/1 (во близина на „Јоу Café & Bakery”, населба Карпош во следните термини:

петок, 30.10.2020, од 10:00 до 18:00 часот
сабота, 31.10.2020, од 10:00 до 16:00 часот

Учесниците кои не се од Скопје пакетите ќе може да ги подигнат и на денот на трката, Недела, 20.10.2019, во близина на стартот, 1 час пред почеток на трките.

Временско ограничување

Временското ограничување на маратонот e 5 часа.

Котизација

Пријавувањето трае до 28.10.2020 во 23:59 часот. Котизација за двете трки изнесува 450 ден.

Дополнително можете да нарачате “dri-fit” маица со логото на маратонот за 600 ден. Нарачката на маици завршува на 23.10.2020 во 23:59 часот. По овие рокови пријавувањето / нарачката не е возможна.

Напомена

Трката ќе се одвива под строги протоколи пропишани од Министерството за здравство. Максималниот број на тркачи ќе мора да биде ограничен на 150 за двете трки.
Тркачите се должни да се пријават на стартното место половина час пред почетокот на трката, поради мерење на температура и укажување на протоколите. Тркачите ќе стартуваат во групи од 4-5 на секои 5 секунди.

Во случај на откажување на трката поради забрана за движење /организирање на настани, учесниците ќе имаат можност пријавата да ја префрлат за идната година.

Напомена

Во рамките на настанот ќе се одржи и Државното првенство на Македонија во Полумаратон.
Учесниците на државното првенство ќе може да се пријават единствено преку Атлетската Федерација на Македонија